Целовечерен концерт на академскиот хор „Мирче Ацев“ во Прилеп

Во четврток 20 септември 2018 во 20.00 часот во изложбениот салон од ЦК„Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи академскиот хор „Мирче Ацев“, што е дел од АКУД при Универзитетот„Кирил и Методиј“.

Податоци за хорот

Академскиот хор “Мирче Ацев” е дел од Академскотo културно-уметничко друштво при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје-Р.Македонија. Академскиот хор постои од основањето на здружението во 1949 година. Од тогаш, па се до денес, хорот опстојува одржувајќи многубројни успешни настапи и освојувајќи голем број на награди на фестивали низ целиот свет.

Вредни за споменување се следните: Прва награда Langollen-Англија 1962; Четврта награда-Хорски фестивал во Арецо-Италија – 1963; Учество на фестивалот на студентите во Њујорк 1965; Трета награда-Хорски фестивал во Корк-Ирска 1973, Серија концерти во Франција, Полска, Англија, Италија, Бугарија, Унгарија, Романија, Холандија и други земји; Третата и четвртата награда во Мидлзборо-Англија 1982; Прва награда во Мидлзборо 1984; Учество на фестивалот “Harmonie” во Lindenholzhausen-Германија 1987; Сребрена диплома-Будимпешта 1997. Академскиот хор забележува одличен настап во Познан-Полска во 2001 година како учесник на фестивалот “Universitas Cantat”.

Во 2002 година учествува на Првиот меѓународен хорски фестивал во Рандерс-Данска. Во 2003 година Академскиот хор беше учесник на X Меѓународeн хорски фестивал во Neuchatel-Швајцарија, а на “Harmonie” фестивалот во Lindenholzhausen-Германија во мај 2005 година хорот освои два сребрени сертификати.

Во 2006 година Академскиот хор учествуваше на првиот Европски хорски фестивал во Солун-Грција, и учествуваше на Меѓународниот хорски фестивал во Ниш-Србија (неконкурентен фестивал, но освои сертификат како најдобар хор кој изведува народна програма). Во 2008 година Академскиот хор учествуваше на “VIVACE” хорскиот фестивал во Vesprem-Унгарија, каде добива посебна награда за одлична изведба на народни песни.

Во 2009 година Академскиот хор учествуваше на Меѓународниот фестивал во Figueira da Foz во Португалија. Додека во 2010 година забележа успешни настапи на Меѓународниот хорски фестивал во Ниш-Србија и учествуваше на фестивалот во Pashman-Хрватска. Во 2011 година хорот гостуваше во Bydgoszcz-Полска на 34-тото издание на Bydgoskich Impresji Muzycznych. На програмата на хорот се наоѓаат композиции од ренесансни композитори, ораториуми, кантати, национални народни песни и др.

Придружуван од Македонската филхармонија, Академскиот хор ги има изведувано “Requiem” – G. Verdi, “Requiem” – W.A.Mozart, “Carmina Burana” – V. Orf, “Missa Apstracta”-З Pencheresky “, Stabat Mater”-Pergolesi, IX Simphony-L.V.Bethoven и други вокално-инструментални дела. Како Универзитетски хор, Академскиот хор “Мирче Ацев” има многу богата соработка со другите универзитетски хорови во Европа како што се: Универзитетскиот хор од Neapol-Италија , Sorbone-Франција, Krajova-Романија, Vroclav-Полска, Софија-Бугарија, La Laguna Tenerife-Канарските Острови и др.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.