Хороскопски знак со најголема амбициозност, темпераментност, упорност, енергичност…

Се работи за хороскопскиот знак ЛАВ. Многу сте темпераментни и комуникативни. Со задоволство завршувате динамични обврски, ги следите сите настани и настојувате секогаш да бидете на врвот на деловната и социјалната скала.

Освен исклучителен успех во кариерата, ве красат и вроден шарм и сексапил, кои не се двоумите да ги употребувате во животот за остварување дури и на деловните цели.

Многу ви е важен впечатокот што го оставате на околината и ќе направите сè за да стекнете симпатии, восхит и за да добиете аплауз. Главно не постои дилема кон кого чувствувате симпатија или антипатија – вие тоа јасно го покажувате. Обично ве привлекуваат партнери што во секој поглед се послаби од вас.

Страсни сте, посесивни и љубоморни. Сакате романтика и не сте „имуни“ на подароци, па, во принцип, не е тешко да ве заведат – доколку применат соодветна стратегија. Не дозволувате кој било да се поигрува со вашите чувства и никогаш не прифаќате инфериорна улога.

Лавовите, обично, доживуваат позитивна трансформација во вид на мало, но забележително смирување на духот во оној миг кога ќе основаат семејство, но и тогаш настојуваат да ги задржат индивидуалноста и препознатливиот животен стил, кој им е многу важен.

Пример за мажественост: Антонио Бандерас

Пример за сексапил: Џенифер Лопез

Пример за оригиналност:Мадона

Пример за шарм: Бен Афлек

Пример за симпатичност: Хали Бери

Нај-особини:амбициозност,темпераментност,упорност, енергичност, комуникативност, шармантност,сексапилност




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.