ХОРОР ВО ПРИЛЕП: Ја тепал, влечел, кубел и киднапирал 13 години помладата девојка

policijayeti3

Вчера околу 18 часот и 30 минути во Прилеп, 30-годишниот Т.В. најпрвин и се заканувал, а потоа и физички ја нападнал неговата седумнесетгодишна девојка. Насилникот, според податоците од полицијата, ја нападнал неговата девојка во ресторан покрај вештачкото езеро, откако му соопштила дека сака да ја прекине врската со него.

Таа тргнала накај дома, а прилепчанецот со патничко возило ја стигнал пред бензинска пумпа, застанал и и’ се заканувал, по што излегол и со рацете ја влечел за коса, ја отворил вратата одвозилото, насилно ја внел на совозачкото седиште, продолжил да ја влече за косата и ја удирал со рацете по лицето и телото. Потоа со туркање ја извадил од возилото, го напуштил местото на настанот  и се упатил во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилникот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.