Функционерите ќе ги плаќаат рамковните што седат дома, трас-трус мерки

Откако сите држави во регионот јавно ги соопштија економските мерки што ќе ги преземе државата за да им помогне на граѓаните полесно да го пребродат овој тежок период, конечно и македонската Влада вчера го соопшти вториот сет на економски мерки.

Меѓу нив, како што се најавуваше се намалува платата на сите избрани и именувани функционери, односно тие ќе земаат минимална плата во износ од 14.500 денари за април и мај.

Добро е што во овие тешки моменти државата мисли и на рамковно враработените, односно за лицата кои се дел од неформалната економија, па го задолжи Министерствотo за труд и социјална политика во соработка со Министерстовото за финансии во рок од два дена да изготви и на Владата да и достави Предлог- Уредба со законска сила за реализирање на оваа мерка.

Во продолжение ги наведуваме останатите владини мерки:

– Финансиска поддршка на правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Финансиска подршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата (14.500 денари/месчно) по работник;
– За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај;
– За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура;
– Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот, во време од 6 месеци;
– Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата;
– Се запира Законот за извршување до крајот на јуни;
– Одложување на кредитите кај банките;
– Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите;
– Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови;
– Дополнителни безкаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра;
– 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите;
– Се забранува отварање на стечајна постапка ;
– Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од лани – во јавниот сектор;
– Формирање на солидарен COVID-19 фонд;
– Намалување на авторски хонорари .

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.