ФОТО: Ја чистела гаражата и кога ги кренала чаршафите нашла богатство вредно милион евра

Студентка од САД неодамна објавила како во гаражата на баба ѝ пронашла два вредни автомобили од 1980 година „Lamborghini Countach“ и „Ferrari 308“, кои со години биле покриени со чаршафи, платно, стара облека и непотребни работи.

Таа објаснила дека нејзиниот дедо некогаш изнајмувал егзотични автомобили, но престанал со тоа да се занимава, бидејќи трошоците за осигурување станале прескапи.

-Автомобилите ги задржал наместо да ги продаде, не ме прашувајте зошто – напишала таа и додала дека било прекрасно и необично да се види нешто убаво во таква состојба.

-Јас сум само студент и не се разбирам во автомобили, но се надевам дека некој во семејството ќе ги наследи и ќе им го врати нивниот стар сјај – напишала.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.