Џенис Смит (45) е уапсена во Детроит затоа што наводно фаќала и тренирала верверици за да го нападнат поранешното момче. Жртвата Џејмс Робинсон (51), бил нападнат повеќе пати од вервериците по последниов месец.
Овие напади довеле до сериозни повреди, вклучуваќи и загуба на два прсти како и еден тестис.
Тој најпрво не знаел зошто вервериците постојано го напаѓаат, се додека не ја видел својата поранешна девојка како ги бодри за време на последниот напад.
Поранешната работа на Џенис била тренер на животни во циркус, пренесува worldnewsdailyreport.com.
Кога сфатил дека е во опасност, Џејмс поднел тужба против поранешната девојка. Во нејзината куќа биле пронајдени 27 верверици.
Пронајдени биле и две кукли на кои била залепена сликата на Робинсон. Шефот на полицијата Џејмс Крег потврди дека Џенис Смит признала дека е одговорна за нападите.
Ф.Г.