ФОТО – ПРИЛЕПСКИ СРАМ ! ! !

IMG_20160602_172100

Ако општинските власти од градот под Марковите Кули се залагаат и успеваат да создадат европски град, не можат целосно  да не преобразат и во европски граѓани. Старите навики на поединци нешто да уништат, или пак “домаќински” да си го земат за дома, сеуште постојат.

Кратко траеше сјајот на новиот дрворед со зимзелени дрвца на обновениот и прошрен дел на улицата Октомвриска.

Она што се прави во континуитет и се вложува во освежувањето на градот, во Прилеп очигледно не се остава ни корен да фати.

Секоја вечер како зелки, исчезнува по некое дрвце, а утредента празното место сведочи, дека тука поминал некој нов “домаќин”, кој најверојатно го украсил својот двор со ново дрвце.

Ако поставување стражари и камери на секој чекор е решението за да се запрат ваквите појави, ние не заслужуваме да станеме дел од европското општество.

IMG_20160602_172111

IMG_20160602_172054

IMG_20160602_172107




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.