ФОТО: Купил детектор за метал и пронашол огромно закопано турско богатство!

Mладиот Јулијан од Романија си купил детектор за метал и како хоби почнал да оди по шумите и полињата и да бара вредни предмети. Набрзо потоа, шетајќи по околните ридови и планини, го нашол најголемото богатство во својот живот и воопшто најголемото богатство кое некој човек го пронашол во Романија.

bg09-860x642-730x480-640x421

47 296 сребрени монети, кои повеќето се од времето на турскиот султан Мурат II (1421-1451) , со вкупна тежина од повеќе од 45 килограми.

Монетите се во многу добра состојба, што се должи на високиот процент на сребро во употребената легура (97 отсто сребро), како и на тоа што стотици годинистоеле закопани.

xmieio1

Како шо вели тој, согласно законските прописи во Романија, секој наод постар од сто години автоматски ѝ припаѓа на државата. и мора да се предаде на некој од музеите во рок до 72 часа.

Единствено на што има право пронаоѓачот се 30% од вредноста на најдените монети, што по сите исплатени даноци се сведува на 25%.

xfudeb

 

 

Сепак, останува фактот дека тој дејствувал на работ на законот, ако не и противзаконски, ако се земе предвид дека во Романија, исто како и во Македонија впрочем, метал детектор може да се употребува единствено со специјална дозвола од надлежните власти, а да не зборуваме за самиот чин на ископување, кој доколку се изведе нестручно, може да нанесе сериозна штета врз потенцијалното културно-историско богатство.

2cz32h3-640x480

2jev2b5-640x480




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.