Рускиот претседател Владимир Путин, си допушти една мала грешка во обидот оваа недела да им покаже на обичните Руси, дека е во добра спортска форма.
Во чудна фото сесија во салата на претседателската резиденција во Сочи, Путин вежба со рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Долните тренерки што тој ги носеше за време на фото сесијата, чинат 1 425 долари, според „Quartz“. Тренерката е од италијанска луксузната марка „Loro Piana“, која е специјализирана за волнени и производи од кашмир.
Долниот дел на тренерки, модел „Portland“ е направен од 50% свила и 50% кашмир. Путин, носеше и дуксер на „Loro Piana“, со што цената на неговата тренерка за вежбање чини 3 200 долари, без маицата и патиките.
Портпаролот на „Loro Piana“, потврдил за „Quartz“, дека Путин на оваа фото сесија е облечен во тренерки од нивната марка.
Интересно е дека Путин носи скапи италијански тренерки, додека во исто време ги забранува производите на странски производители, како одговор на санкциите наметнати од западот против Русија.