Како последен потег во редефинирањето на погледите на американската pacистичка историја, лидерите на демократите во округот Оринџ, Калифорнија, се заложија за отфрлање на името и статуите на филмската легенда Џон Вејн од окружниот аеродром, поради неговите pacистички ставови.
Лос Анџелес Тајмс извести дека минатата недела била усвоена итна резолуција во која биле ocyдени неговите “pacистички и нетрпеливи ставови” во интервјуто од 1971 година, а потоа бил повикан Окружниот одбор на супервизори да го отфрли неговото име и статуите од меѓународниот аеродром.
Во резолуцијата се бара од одборот да го обнови името на аеродромот, одосно “Аеродромот на округот Оринџ”, пренесува Гласот на Америка.