ФОТО: Зоолошка во која луѓето се во кафези, а животните шетаат слободно!

Зоолошката градина Лехе која се наоѓа во Кина е една од ретките во светот каде луѓето ја разгледуваат со возила. Причината за тоа е фактот што овде животните се тие кои шетаат слободно, а луѓето се возат во кафези за да ги видат.

zoloska2

Во возилата има мал отвор низ кој луѓето можат да им даваат храна на тигрите, мечките и другите жители на зоолошката. Таму може да се најдат и ретки видови на животни како бели и бенгалски тигри.

Службеник во зоолошката градина изјавил: „Сакавме на нашите посетители да ум овозможиме да го почувствуваат возбудувањето во ситуација кога би ги бркала голема мачка, но притоа ризикот да биде отстранет“, пренесува Дејли Меил.

Ова место е вистински хит меѓу туристите и билетите за влез се распродадени 3 месеци однапред. Според нив, ова е похуман пристап кон животните кои живеат во заробеништво.

received_10209314460409990

received_10209314459609970

received_10209314458729948




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.