(Фото) За да излезат од дома прилепчани чекаат сонце да ја исуши калта и вировите на улицата

Жителите од улицата “Бистра планина” во населбата “Сточен пазар” во Прилеп ни испратија фотографии од состојбата во која се наоѓа оваа улица.

На оваа улица се поставуваше канализациона мрежа во септември месец минатата година, а градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, вети дека веднаш потоа ќе се пристапи кон промена на водоводна мрежа и асфалтирање на улицата.

Од тоа денеска сеуште нема ништо, а жителите на улицата газат низ кал и вирови.

Вакви фотографии до нашата редакција пристигнаа и од улиците “Тоде Дупјачанец” и “Братство единство”.

Погледнете во продолжение:

Децата не можат да одат на училиште, невозможно е да се движиш пешки: Улица во 21 век во Прилеп (Фото)

(Фото) Не била само една улица: Прилепски улици како во Африка




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.