(Фото) Жителите на “Точила” молат за cпac eднаш засекогаш: “Аман нека се реши ова еднаш засекогаш”

До нашата редакција деновиве пристигнуваат низа дописи од жители на најголемата прилепска населба “Точила”.

Граѓаните се жалат дека во нивната населба врие од кучиња скитници, и дека не ретко се случува истите да нападнат некого.

Апелираат до надлежните кучињата да се згрижат и отстранат од парковите каде секојдневно играат деца.

“Проблемот не е од сега, но во последно време бројот на кучињата скитници во Точила е зголемен, а најопасно е во вечерните часови кога кучињата се загнуваат по минувачите. Аман нека се реши овој проблем еднаш засекогаш”, апелира еден од нашите читатели.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.