Додека најголем број од луѓето во светот се плашат од змии, ова момче е “специјализирано” во фаќање змии и тоа без малку страв.
Двегодишниот Џенсон Харисон од кога бил бебе сакал змии и се дружел со нив на златниот брег во Австралија и поради тоа е наречен “момчето змија”. Неговите родители Тони и Брук се професионални “фаќачи на змии”, а Џенсон од мали нози ги следи нивните чекори.
– Од првиот ден на својот живот Џенсон се дружеше со змиите. Од секогаш е опколен со нив и нормално е што не се плаши – вели Брук.
Ф.Г.