Спасувачката служба “Златоврв” заедно со Територијалната противпожарна единица Прилеп и припадници од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во центарот на градот изведоа симулација на спасување.
Ова е трета по ред вежба на “Златоврв”, а сценариото опфаќаше зграда која е срушена од земjoтpec и зафатена од пожap.
Спасувачите требаше да дојдат до терасата, каде според сценариото имаше заглавени деца кои бараат помош.
Вежбата се спроведе со почитување на сите протоколи за заштита од Koвид-19, а граѓаните имаа ретка прилика да погледнат нешто несекојдневно и да научат како треба да се однесуваат во ваква ситуација.