(Фото/Видео) Дали на повидок е нов кopyпциски cкaндал во Прилеп? Вечерва објавено како се злоупотребуваат државни средства?

На Фејсбук профилот “Ла Фамилија Прилеп”, вечерва се објавени фотографии, на кои како што пишува во објавата активисти на СДСМ од Прилеп растовараат вреќи и ги внесуваат во еден од месните штабови.

Според она што пишува, комбето од каде се истовараат вреќите е во сопственост на Јавна општинска установа Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник” од Прилеп.

“Дали СДСМ подготвува нови така наречени “хуманитарни” пакети за делење во Прилеп”, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи и го повикуваат Основното јавно обвинителство да реагира на ваквата злоупотреба на службени возила во корист на партијата на власт.

Веста се прошири и на Твитер…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.