Во третиот контролен натпревар ракометарите на РК Прилеп издвојуваа победа над РК Борец од Велес, со резултат 34:28, на полувреме 20-16.
На овие натпревари шанса добиваат повеќе помладите ракометари од тимот.
Прилепчани полека се подготвуваат и за втората полусезона од домашното ракометно првенство, каде веќе на 12 март во Скопје ќе имаат голема проверка на сработеното за време на одморот, против Работнички.
РК Прилеп остави силен впечаток за време на есенската полусезона, демонстрирајќи квалитет за висок дострел и високо место на табелата и во оваа сезона.