На 01.05.2024 во 14.30 часот на ул.„Драгорска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Џ.Б.(52) од Битола.
Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, поради бегство од установата.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на осумгодишната затворска казна – информираат од МВР.