Фамилијата Ристески секоја година на празникот „Велики поклади“ ја негува традицијата за маскирање, оваа година градоначалникот Марјан Ристески со ќерката Михаела и сопругата Фанче, одлучија да бидат маскирани во позната традиционална руска носија. Маската говори за сличностите на обичаите на двата народа. Во Русија се празнува празникот Масленица, кој е сличен на нашиот празник кој го празнуваме „Велики поклади – Прочка“.
Празникот Масленица се одбележува како ритуал на испраќањето на зимата и пристигнувањето на пролетта и го означува преминот од зимските празници кон Велигденскиот пост. Согласно руската традиција за овој, празник младите бараат прошка од повозрасните се со цел во постот да влезат со чиста совест што има многу сличности со празникот „Велики поклади – Прочка“.