Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија.
Познато е дека Бојан потекнува од Прилеп, па затоа и премиерата на новото шоу е закажана токму овде, во Марко Цепенков на 13ти (среда) септември во 20ч. Карите и оваа година се симболични 200ден, а може да се купат во Арт кафе Апореа.
„Прилеп е мојот град. Градот од каде што носам потекло и по мајка и по татко. Затоа и тргнувам од тука, од моите корени, а ќе завршам таму каде шо се родив – Скопје. Два пати ја наполнивме салата минатата година, не се сомневам и овој пат во поддршката од прилепчани“, открива Велевски.
Остануваат помалку од 200 карти до овој момент во продажба во Апореа. Побрзајте, реприза нема да има.
Ова е атмосферата од последното гостување на Бојан во Прилеп.