Уште една кривична пријава за прилепчанец кој со лажни документи зел 300.000 денари кредит од банка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ц.(28) од Прилеп, за сторено кривично дело ,, измама при добивање кредит или други погодности“.

На 31.08.2018 година во Прилеп, во филијала на Банка, пријавениот поднел барање за одобрување на потрошувачки кредит, при што предметните образци ги пополнил со невистинити податоци дека е вработен во фирма со работен стаж од две години, за што приложил и невистинита потврда за вработување и лични примања и други документи, сите со потпис и печат од сметководствена служба и директор на правното лице.

Врз основа на наведената документација, на 03.09.2018 година банката му одобрила и исплатила кредит во износ од 300.000 денари, а при извршени проверки во наведеното правно лице, банката добила извесување дека пријавениот никогаш не бил вработен во наведената фирма.

Претходно од МВР информираа за уште еден сличен случај:

Кривична пријава за прилепчанец кој со лажни документи се обидел да земе кредит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.