На 13.11.2016 година, во Арт-кафе, со почеток во 21 часот, СОУ„Ѓорче Петров“ беше домаќин на хуманитарна забава, организирана од телото “Дете – Правобранител” и “Училишната младинска организација”. Забавата се одржа во чест на лицата со посебни потреби, a собраните средства беа донирани во „Порака“- Прилеп (Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост).
“Спонзори на настанот беа: цвеќара „Протеа“ , којашто донира 15 балони, фото „Зрак“ го изработи постерот, фотокопирницата „Дано“ испечати 200 влезници, а сопствениците на кафулето го отстапија просторот. Срдечно им се заблагодаруваме на сите за нивната поддршка во нашата хумана активност. Се надеваме дека и во иднина ќе има многу вакви хуманитарни настани”, посочија од училиштето.