Осумнаесет ученици од профилите: фризери и козметички техничари од СОУ ,,Ѓорче Петров“ Прилеп, водени од три професорки, успешно ја завршија првата мобилност од проектот Professional VET cooperation development project, финансиран и поддржан од Програмата Еразмус+ на Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
Во рамките на предвидените проектни активности во Португалија, нашите ученици имаа можност практично да ги усовршат своите вештини со работа во современо опремени салони во градот Барселос. Искуствата што ги стекнаа, советите од креативните мајстори – ментори, новите сознанија што ги добија, пријателствата и контактите, ќе им бидат корисни ним, за успешно дооформување на образованието и во градењето на професионална кариера, но и на соучениците на кои ќе им ги пренесат.
Нашите “уметници” за разубавување, дома ја донесоа топлината на португалското гостопримство, убавините од местата што ги видоа. Тоа, заедно со надоградувањето на способностите, се предностите кои што произлегуваат од ваквите проекти. Затоа во СОУ ,,ЃорчеПетров” се организирале , а и во иднина ќе се организираат проекти во интерес на поквалитетно стручно образование и оспособување на учениците и заради раширување на нивните интеркултурни и животни видици.