На 04.02.2023 во 16.23 часот во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.
Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и во 16. 35 часот на место викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено.