Универзитетот Скопје промотор на Македонија: Студентите се враќаат со 7 златни и 2 бронзени медали од силен гастрономски натпревар во Турција (ФОТО)

Студентите од Универзитет Скопје, од 13-16 декември беа учесници на Меѓународниот гастрономски натпревар ,,Гастро Истанбул – 2023,, кој се одржуваше по дваесетти пат во областа Тузла Марина.

Студентите под менторство на проф. Даниела Пантич Влахович – меѓународен судија, се натпреварува во 4 категории (паста, пилешко, риба и модерно јадење).

На овој јубилеен натпревар, кој е организиран од страна на турската готварската федерација TASFED и господин Бајрам Озрек, во конкуренција од 23 држави, студентите се закитија со 7 златни и 2 бронзени медали.

Прилепчанецот Христијан Јандриоски освои 3 златни медали, Бојана Богоеска 2 златни медали, Виктор Арсоски и Дијана Петковиќ зедоа по 1 златен и 1 бронзен медал.

Универзитет Скопје е горд на своите студенти, горд на нивниот успех, а со оглед на фактот дека овие студенти беа единствени претставници од Македонија, ова е и успех за нашата држава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.