Во присуство на амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Иштван Дукс, Кристина Чиба директор на Домот на Унгарците, градоначалникот Марјан Ристекси и пред голем број на љубители на убавата уметност вечерва во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Унгарците во логорите од Советскиот сојуз 1944-1956“ во спомен на годината на унгарските политички затвореници депортирани на принудна работа.
„Чест и задоволство е вечерва во присуство на амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Иштван Дукс да ја отвориме оваа прекрасна изложба, а веднаш потоа да го проследиме етно џез концертот со унгарски елементи каде што сите љубители на уметноста ќе се запознаат со унгарската историја и култура“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
„Односите меѓу Македонија и Унгарија се извонредни и во тие рамки Прилеп зазема истакнато важно место, многу ми е мило што можам да присуствувам на вечерашните настани кои се во организација на амбасадорот на Унгарија и на здружението на Унгарците во РМ“, посочи амбасадорот Дукс.
Според директорот на ЦК „Марко Цепенков“ Тони Чатлески ова е почеток на нашата меѓународна активност која продолжува и понатаму со засилено темпо.
Во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, концерт одржа Аги Херцку со нејзината група Банда кои презентираа енергичен настап.
„Групата од Унгарија кон веќе познатата колоритност, храбро се зафаќа и верно ја интерпретира музиката на преку граничните Унгарци, како и на другите држави во регионот. За заемна интеракција помеѓу унгарскиот фолклор и музиката на државите во соседството укажал уште Бела Барток со неговата мисла „Без познавањето на музиката на нашите соседи, не можеме да ја разбереме и запознаеме ниту сопствената музика“ – велат од Амбсадата на Унгарија и Здружението на Унгарци во Македонија.
Во групата членуваат Херцку Агнеш – вокал, која меѓу останато има освоено 3 награди „еМеРТОН“, наградата Фонограм, наградата „Золтан Кодаљ“, „Бела Барток“, Награда за вредности, награда „Франц Лист“, потоа Никола Паров на виолина, бузуки, кавал, гитара, зурли, Гера Габор – хармоника, Бенце Палази – виолина, Мартон Фекете – брача и Петер Молнар на контрабас.
Албумот на Херцку Агнеш со наслов „Бандазом“ два маесеци била рангирана на најреномираните светски топ листи.