Кога ќе прошетате низ општина Панчево, ќе наидете на една многу посебна улица. Улица во селото Јабука ќе го носи името на славниот македонски пејач Тодор Тоше Проески.
Српските медиуми пишуваат дека 12 години откако почина во сообраќајна нecpeќа кај Нова Градишка во Хрватска, ќе добие своја улица.
– Ова е прва улица во Србија која го добила името по маестро од Крушево, Македонија, пишува порталот „013 инфо“.
Предлогот улицата да го носи името на Тоше е испратена до Градското собрание на Панчево, кое треба да го донесе решението наскоро.
Не е случајно што улицата Тоше Проески ќе се наоѓа во Јабука. Имено, во ова село живеат голем број Македонци кои на посебен начин сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник, пишуваат српските медиуми.