Во Московската област се убиени петмина моторџии, а по неколкучасовната потрага полицијата го приведе напаѓачот, кој во меѓувреме ја признал својата вина, пренесе ТАСС.
Во Московската област се убиени петмина моторџии, а по неколкучасовната потрага полицијата го приведе напаѓачот, кој во меѓувреме ја признал својата вина, пренесе ТАСС.
Напаѓачот пукал врз петмината моторџии со карабина Сајга. Постојат сомненија дека тој од минатото имал нерасчистени сметки со сега убиените и дека нападот всушност му бил добро испланиран.
Се претпоставува дека петмината моторџии требало да учествуваат на едно моторџиско собирање недалеку од местото на злостроството. На тоа собирање требало да земат учество стотици моторџии.
Откако медиумите информираа за убиството на петмината, неколку групи почнале самостојно да го бараат убиецот.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.