Уапсени 127 лица во Грција- еве кои забрани не ги почитувале за коронавирусот

Од четвртокот 12 март 2020 година, заклучно со вчера, во Грција биле регистрирани 122 прекршувања на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и биле уапсени 127 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, најголем број од прекршувањата биле во саботата, кога во 86 случаи биле уапсени 90 лица. Во текот на вчерашниот ден, бројот е речиси три пати помал, било регистрирано едно прекршување и уапсено 31 лице.

Најголем број од прекршувањата – 48, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Уапсените лица од цела Грција не ги почитувале забраните што се однесуваат на фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни, фурни, слаткарници и сл.

Од грчката полиција велат дека ќе продолжат со контролите за да се заштити јавното здравје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.