Тука биле засолнети вojcките на Антантата во Првата светска вojна: 200-годишна историја во пазувите на Баба Планина кај Битола (Фото галерија)

Падините на Баба Планина и битолскиот регион кријат еден куп убавини во себе. Недопрена, прекрасна природа, чист воздух, но и голем број знаменитости, манастири и историски места.

Едно такво вековно светилиште е манастирот „Св. Христофор“ или познат како Крстоарски манастир кој се наоѓа недалеку од селото Крстоар.

Селото Крстоар се наоѓа во подножјето на Баба Планина во Битолското Поле (Пелагонија), оддалечено 5,5 километри јужно од градот Битола.

Манастирот се наоѓа 1 км југозападно над селото Крстоар и околу 6 км од Битола. До манастирот може да се пристигне и од соседното село Буково од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека.

Црквата во манастирот е подигната во 1837 година, а била обновена во 1926 година. Таа е еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови во наосот од запад и север, а има и директен пристап во олтарниот простор од југоисток.

Сепак дел од историчарите сметаат дека ова светилиште датира од многу порано.

Над северниот влез е поставена мермерна плоча со кратка историја за храмот. На западниот влез е насликан медалјон со Св. Христофер кој го држи малиот Христос на рамо.

Претставува прилично голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови кон наосот од западната и северната страна, а директно во олтарниот простор може да се влезе преку посебната врата на југоисточната страна.

Историјата на храмот е испишана на мермерната плоча на фасадата над северниот влез.

Во храмот нема сочувано ѕидно сликарство од изградбата на црквата. Оној живопис што може да се сретне во апсидата на црквата и на темето од сводот, насликано е за време на нејзината обнова во 1926 година.

Во Крстоарскиот манастир „Св. Христофор“, кој бил и сеуште е посакувана дестинација за излет во близина на Битола, за време на Првата светска војна била сместена војската на Антатата за што сведочат повеќе фотографии.

Посетете го ова живописно место и допрете дел од историјата.

Историски фотографии од присуство на сојузничките војски за време на Првата светска војна




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.