На ден 18.11.2016 во Охрид на стрелиштето „Беј Бунар“ се одржа државен натпревар во стрелаштво за средни и основни училишта на кој учество зедоа повеќе од 100 учесници.
Од гимназијата „Мирче Ацев“ учествуваа четворица учесници од кои тројца остварија значаен успех. И тоа:
– Антонио Николоски го освои првто место и златниот медал со резултат од 170 кругови, во категорија средни училишта – машки
– Емануел Секулоски го освои второто место и сребрениот медал со остварен резултат од 160 кругови, во категорија средни училишта – машки
– Викторија Тренческа го освои првто место и златниот медал со резултат од 166 кругови, во женска конкуренција
И четвртиот член, Катерина Бошкоска оствари голем успех пласирајки се на 6-тото место.
Ментор на учениците им е Гоце Ѓорѓиоски.