Сребрените девојки Маријана, Мишела и Киријана, пред неполн месец не израдуваја со сребрен медал од Светското првенство во Џакарта Индонезија. Потсетуваме тогаш паднаја фаворизираните Шпанија, Германија и репрезентацијата на Иран. Овој пат се враќаат со злато од Балканското првенство во Дубровник, Р. Хрватска, кое се одржа на 13.12.2015г. На ова натпреварување настапија најдобрите каратисти од Македонија, Турција, Бугарија,Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Не сме се дорадувале на претходниот успех, девојките ни донесоја нова радост.
Убедливо поразени беа репрезентациите на Босна и Херцеговина и на Србија со по 5:0.
Ден пред тоа близначките се сретнаја во Македонско финале, каде поуспешна беше Маријана. Двете ги победија своите ривали, и со по четири победи од максимални 5:0 стигнаја до тоа сестринско финале.
Ова е нивно трето финале (на Балканско 2010 во Атина победи Мишела, на Светски Куп 2013 Крф победи Маријана).
Со ова заврши успешно годината на македонскиот ката тим, кој покрај наведените резултати, беше и прв на Карате Оне Премиер Лигата во Истанбул, каде во финале ги победивме актуелните европски сениорски шампиони, тимот на Турција.