Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во Охрид од удар на гром повредени се вкупно 13 лица, информираат за Телма од СВР Охрид.
На лице место дошла и Брза помош, а четири лица биле однесени во болница со изгореници здобиени од ударот на гром.
Како што информира телевизијата, останатите имале манифестација на тахикардија, уплав и зуење во ушите. Најголем дел од нив се Битола и Ресен. А како што велат од СВР Охрид за Телма дргите сами се јавиле и со свои возила отишле во болница.