И оваа година, традиционално трета година по ред ООУ „Рампо Левката“ беше домаќин на литературно читање по повод Денот на револуционерната борба. Најзаслужен за организацијата на оваа, веќе можеме да ја наречеме манифестација, е наставникот по македонски јазик Роберт Ристевски, како и членовите на литературната секција. Бројот на учесници од година во година е се поголем, а учесниците се од се повеќе региони.
Оваа година покрај учесниците од нашата општина, учество зедоа и ученици од основните училишта од општините Доленини, Кривогаштани, Македонски Брод и Крушево.
Покрај дружбата на учениците, за најдобрите имаше и награди, а наградени беа учениците:
Прво место: Анамарија Димитриеска
Второ место; Марија Велкоска
Трето место: Викторија Стојкоска