Четириесет и шест годишниот С.Џ. од скопско Арачиново паркирал камион Мерцедес поради утовар на роба и излегол, по што во еден момент возилото само се придвижило и удрило во двајца пешаци, 35-годишниот Х.С. и девет годишно момче.
По незгодата, пешаците биле пренесени во кумановската болница, каде од страна на доктор кај момчето е констатирана смрт, додека Х.С. се здобил со полесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Полицијата извршила увид на лице место на несреќата.