Невремето кое вчера зафати повеќе населени места од Прилепско, зад себе остави катастрофални последици. Штети на земјоделските површини се направени во атарот на селата Канатларци и Ерековци, како во други населени места. Оштетени се нивите со тутун, бостан, житни култури и пипер.
Денеска во посета на земјоделците од овој крај беше градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој вели земјоделците од утре ќе можат да поднесат барање за обештетување до формираната комисија при општината.
Но, што добија земјоделците од Мало и Голмо Коњари, Галичани и Варош, кога ланската година градот им целосно им ги уништи земјоделските посеви?
Од поднесените 1.315 барања на земјоделците тогаш, од Комисијата биа прифатени 1263 барања.
Советот на општина Прилеп тогаш предвиде да бидат исплатени 3 % од вкупната штета, или 6 милиони денари, што кога се распредели на овие 1263 земјоделци, им дојде да земат по 4.750 денари.
Со оглед на тоа дека дел од земјоделците имаат повеќе земјиште, а дел помалку, овие средства за некого беа повеќе, а за некого ниту 3.000 денари.
Надомест на штетата од Министерството за земјоделство тогаш изостана, па земјоделците останаа разочарани, без реколта и со празни џебови.
Сега одново им се ветува обештетување, но што ќе добијат земјоделците кои беа погодени од вчерашното невреме останува да видиме.