Тешка сообраќајка се случила попладнево на раскрсницата помеѓу улиците “Прилепски бранители” и “Пере Тошев”, пред студентскиот интернат.
Во сообраќајката се судриле автомобил марка “Опел” и моторцикл.
Прилепчани информираат дека брзата помош со огромна брзина поминала низ улиците, а хеликоптер слетал на градскиот стадион. Засега не е познато дали постои поврзаност со оваа несреќа.
Полицијата на лице место работи на откривање на точните причини за настанатата несреќа.