Тешка сообраќајка на Партизанска – неофицијално двајца загинати (ВИДЕО)

simpo-640x328

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на булеварот Партизански одреди во скопски Карпош.

 

Според непотврдени информации, има двајца загинати. Од снимките кои што рано изутринава ги направи ТВ Нова, може да се заклучи дека во страшниот инцидент учествувало такси возило Мерцедес, кое завршило во едно од дрвјата на булеварот.

-На местото на настанот се присутни и припадници на противпожарната екипа, кои помогаат во извлекувањето на телата. Причините за несреќата се непознати, а во меѓувреме очекуваме и потврда за информацијата за две жртви од министерството за внатрешни работи. Наша екипа е на теренот, објави ТВ НОВА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.