“Сугарески ја оправдува прославата на Шверцерите?”

(Фејсбук статус на Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески)

“Последниот период се случуваат настани кои кристално чисто ја диференцираат нашата визија за иднината и дефитизмот на двојното лице на ВМРО ДПМНЕ.

Расправата за Буџетот за 2020 година, средбата Мицковски- Борисов, целата дебата за СЈО….

Да бидеш обвинуван за популизам од оние кои безмалку 11 години се занимаваа со гол популизам и лажен патриотизам и кои не направија слепо црево на Балканот.

Да бидеш обвинуван за задолжување од оние кои безочно не задолжија за камен, бронза, стиропор, жални врби, споменици.

Да бидеш обвинуван зошто си зголемил плати, пензии, земјоделски субвенции, капитации, социјални трансфери од оние кои ја задолжија државата.

Да бидеш обвинуван за прославата на Шверцери од оние кои ги амнестираа Хашките случаи.

Да бидеш обвинуван за договорот за добрососедство со Бугарија од истите оние кои во прва прилика коленичеа пред Бојко и јавно пред камера понизно му даваа гаранција дека се кооперативни.

Да бидеш обвинуван за загадувањето од оние кои купуваа кинески автобуси на дизел гориво кои се супер загадувачи.

Па и од ВМРО ДПМНЕ многу е.

Лицемерието пуштено на најјако.

Почитувани граѓани

Точно е дека ние не сме безгрешни, но точно е дека за две и половина години ја вративме земјата на стратешкиот колосоек, стануваме 30-та земја членка на НАТО, имаме огромна поддршка од влијателните земји во ЕУ да почнеме преговори со ЕУ, сите ни признаваат дека ги исполнивме бараните критериуми, не бегаме од проблемите туку решаваме горливи прашања, го подобруваме животниот стандард на граѓаните, градиме инфраструктура насекаде, го вративме достоинството на секој граѓанин, грабаме напред кон сигурна иднина.

Од друга страна, може да се препознае дека истата погубна политика од 2006 до 2016 година Ви се продава во навидум ново пакување.

Се е исто само главниот азилант е во Будимпешта кој што контролира се таму од далечинско.

Сигурен сум дека на 12 април, граѓаните ќе покажат дека магливите приказни, лажните ветувања, наводна обнова за нов грабеж, НЕ ПОМИНУВА”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.