Секогаш е интересно да се направи споредба што рекле, а што прават оние кои во минатото претендирале да станат власт, а денеска се веќе на таа позиција.
Актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, беше координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието и беше препознатлив по неговите енергични критики до тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска, после 2 и пол години откако СДСМ ја презеде власта, интересно е да се потсетуваме на изјавите и критиките од нивните функционери.
Еве една таква, па читателите нека проценат што денес е поразлично, или променето: