Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) утврди дека градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, пред продажбата на земјиштето кај хотелот „Холидеј Ин“ издал извод од планот во кој не назначил дека планот е под мораториум и дека постои ризик да претрпи измени, соопшти вчера Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.
– Продажбата ја извршило Министерството за транспорт и врски врз основа на извод од ДУП кој не се применува, исткана Ивановска.
На ова реагираше и министерот Сугарески кој тврди дека не бил kpиминалец и дека Министерството за транспорти врски работело целосно транспарентно и отчетно.
Во продолжение во целост ви ја пренесуваме реакцијата на министерот Горан Сугарески:
” Гледам дека повторно се актуелизира прашањето на легалноста и законитоста на продажбата на градежните парцели кај “Холидеј Ин”, заради нивно дооформување. Должен сум уште еднаш да потенцирам неколку работи. Прво, јас не сум kpиминалец и нема да дозволам да се стави ниту една дамка на мојот мандат како Министер за транспорт и врски.
Ги охрабрувам институциите во најкраток можен рок да ги испитаат и расчистат сите околности во врска со овој предмет. Барам да се чешла секоја запирка и точка од постапката за продажба. Се е спроведено законски, има позитивно мислење од Државното Правобранителство и целокупната документација беше на слободен увид на сите заинтересирани медиуми и новинари. 100% транспарентност и отчетност!
Второ, добивме уште една потврда за силниот демократски капацитет на СДСМ. Ова што денес го прави Антикopyпциската комисија беше незамисливо за време на peжимот од 2006-2016.
Трето, дали и што ќе се гради на парцелите кај “Холидеј Ин” не е и не може да биде надлежност на Министерството за транспорт и врски, туку на општината Центар која одлучува за висината, ширината и големината на објектите кои ќе се градат. Колку што знам ДУП-от за овој дел од Центар е донесен во 2012 кога ДПМНЕ беше власт и на локално и на централно ниво.
Конечно, пред претседателката и членовите на ДКСК, јас и мојот тим ја доставивме целата документација и одговоривме на сите прашања. Не прифаќам и не се согласувам со пристапот да се прават медиумски сензации и да се оцрнуваат јавни функционери без никаков правен основ. Едно е да се утврдат неправилности и незаконски постапки, а сосема е друго да се оценува целисходноста на одредени законски решенија. Ние решаваме предмети согласно постоечките позитивни законски прописи, а не врз основа на лични уверувања и претпоставени идни законски измени. Доколку не е така, ќе беше самовластие! Благодарам на граѓаните кои со денешните пораки потврдуваат дека препознаваат чесна и посветена работа. Тоа ме охрабрува и ми дава сила и понатаму со истата жар да им служам и да ги решавам проблемите!