Студен бран ја зафаќа Македонија: Наскоро снежна покривка во целиот регион

Нова промена на времето и врнежи ќе има од четврток.

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север ќе започне да дува северен и североисточен ветер кој полека ќе засилува на интензитет, во текот на ноќта и утре услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска височина, особено во северната половина од државава. Максималните дневни температури од утре ќе бидат многу пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Разведрување на времето насекаде ќе има во текот на утрешната ноќ, токму поради ова и температурите на воздухот во вторник наутро ќе бидат насекаде негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на метеорологот Славчо Попоски тукa




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.