Странец фатен со брзина од 228 на автопат – доби 30 дена затвор за насилничко возење

Српската полиција утрово на автопатот Белград – Ниш запрела автомобил управуван од странски државјанин во моментот кога тој возел со брзина од 228 километри на час, јавуваат српските медиуми.

Според информациите, возачот веднаш бил приведен и изведен пред надлежен судија.

Судот му одредил казна затвор од 30 дена и забрана за управување автомобил на територијата на Србија во траење од 9 месеци прогласувајќи го за виновен за „насилничко возење“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.