Стеваноски: Демантираме дека Трајкоски го запалил објектот на Стојаноски, бараме jaвно извинување за изнeceните kлeвeти и навpeди

По вчерашното обраќање на Киро Стојаноски, граѓанин од Прилеп кој тврди дека наводно во градот постојат политичко-полициски структури кои вршат рекет, со демант се јави адвокатот Жарко Стеваноски, поради тоа што во изјавата на Стојаноски бил спомнат негов клиент.

Прилепчанецот Стојаноски: “На Заев ќе му ги кажам peкeтаpите во Прилеп! Зошто на објектите од функционерите не им фали ништо??” (ВИДЕО)

Демантот на Стеваноски во продолжение го пренесуваме во целост:

“По овластување на мојот клиент Никола Трајкоски од Прилеп, најостро реагираме и ги осудуваме грубите инсинуации со политички контекст изнесени пред медиумите од страна на сопственикот на угостителскиот објект „The Gallery House pub„, Киро Стојаноски од Прилеп, преку кои истиот обвинува за наводна политичко-полициска хајка против неговиот закупец и наводите дека некој потплатил деликвент за да го запали неговиот објект иманувајќи го со име презиме и прекар.

Целосно ги демантираме обвинувањата на сопственикот на објектот дека Никола Трајкоски е сторител на чинот на палење на предметниот објект, од причини што со ниту еден доказ во текот на судската постапка таквите тврдења не се докажани.

Од причини што сопственикот на објектот тврди дека се работи за полициско-политички притисок, тогаш сигурно не можел да му пстане непознат фактот дека лицето Никола Трајкоски во текот на претходната постапка беше подложен на полиграфско тестирање токму со цел да се утврди дали итиот е сторител на таквиот чин и дали таквиот настан има политичка позадина и од резултатите од таквите тестови се потврди дека истиот ја говори вистината дека не е сторител на таквото дело ниту пак дека таквиот настан индицира поврзаност со било какви политички или полициски структури.

За разлика од него, сопственикот би требало да биде запознат и за фактот дека и при првите обиди на лицето Бисерко Тркља да изнесува обвиненија во сличен контекст со реакција на таквите наводи јавно беше повикан да се подложи на полиграфско тестирање со цел да се потврди вистинитоста на таквите негови наводи. Закупецот на објектот Бисерко Тркља не смогна храброст да се подложи на такво тестирање.

На сопственикот на предметниот објект не можело да му остане непознато дека неговиот закупец Бисерко Тркља не е ниту сопственик ниту управител на ниту една од многуте фирми кои работеле во деловниот објект, дека во неговиот деловен објект значителен период се работело без фирма односно на црно со што го оштетувал и буџетот на државата, дека токму неговиот деловен објект не е осигуран од пожар и немал превземено мерки за заштита и спасување од пожари и на таков начин тој а не друг ја загрозил сигурноста на граѓаните во централното градско подрачје и дека одговорноста за пропуштање на таквата должност е санкционирана со Кривичниот законик и подведена како кривично дело „Тешки дела против општата сигурност„, од чл.292 ст.1 од КЗ в.в со кривичното дело Предизвикување општа опасност„ од чл.288 ст.2 од КЗ, па затоа прашуваме зошто и против сопственикот и закупецот на деловниот објект не е поведена кривична постапка за таквиот штетен настан со кој се загрозила сигурноста на граѓаните и објектите во централното градско подрачје.

Изнесувањето на невистини за видот и висината на штетата, мотивите на осомничениот, инвловираност на државните органи кои постапуваат по предметот и слични тенденциозни изјави единствено значат незаконито влијание врз текот на постапката и органите кои во неа учествуваат како што се МВР, судот и јавното обвинителство. Без да го нарушуваме демократското право на оштетениот да изнесува свои ставови, предупредуваме дека на ваков начин оштетениот го злоупотребува неговото право како странка во постапката, преку медиумите незаконито да влијае и врз сведоците, вештите лица и другите учесници во постапката.

Како бранител на лицето Никола Трајкоски во постапката пред судот, ќе барам санкционирање на ваквата и слични злоупотреби и јавно изнесување на ставови и заклучоци за конкретниот настан, со цел да се спречи незаконитото влијание врз текот на постапката и да се обезбеди објективно информирање на јавноста а со тоа и правичен судски епилог.

Воедно согласно чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда бараме од лицето Киро Стојаноски, најдоцна во рок од 48 часа јавно да се извини за вака изнесените клевети и навреди упатени кон мојот клиент Никола Трајкоски, во спротивно против него ќе биде поднесена тужба за утврдување на одговорност за изречена клевета и навреда“, се вели во демантот и реакцијата на адвокатот Стеваноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.