Ера Иштрефи, родум од Приштина, доби големо признание. Познатата пејачка е избрана да ја пее химната на отварањето на Светското првенство во Русија.
Младата, 23-годишна Албанка ќе се најде во друштво на Вил Смит и Ники Џем.
Химната на Светското првенство сеуште не е пуштена во јавност, а тоа ќе се случи на 25 мај.
Ера Иштрефи во 2016 година направи вистински БУМ со песната “БОН БОН”, по што стана и светски позната.
На информацијата за нејзиниот настап нервозно реагираат српските медиуми, па така српски “Kурир” потсети дека пејачката во 2014 година снимила спот за песната “Е duhun” во православниот храм “Христос Спасителот” во Приштина, а на спотот таа се појавува во проѕирна маичка и целосно разголена.