Во емисијата „Утрински брифинг“ на “Слободна ТВ” интервју имаше Марјан Спасовски-Ефто директор на Казнено-поправната установа – затвор Куманово.
При своето интервју посочи дека студентите можат да позавидат на условите кои ги имаат затворениците во затворот.
-Јас би посакувал студентските домови во најмала рака барем да се приближи на затворот Куманово. Не знам каква е моментално состојбата за она што имам прилика да слушнам мислам дека можат да ни позавидат на условите кои ги имаме тука, истакна Спасовски.