Со пригодна програма и положување цвеќе одбележани патроните празници на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” и OOУ “Круме Волнароски” во Прилеп (Фото галерија)

Делегации од Општина Прилеп, Советот на Општината, училиштата од општина Прилеп, Сојузот на борци и политичките партии оддадоа почит и положија цвеќе на спомен – бистите на прилепските народни херои, Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане, чии две основни прилепски училишта, гордо ги носат нивните имиња, и денеска го чествуваат својот патрон празник.

По тој повод, наставниците и учениците од двете училишта подготвија и пригодни програми во чест на своите патрони.

Нашите прилепчани Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане пред 80 години херојски ги положиле животите во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија. Убиени се во заседа на бугарската полиција борејќи се до последен здив и пеејќи за Македонија.

Воедно денес беше одбележан и 9 Мај, Денот на победата над фашизмот со оддавање почит и полагање цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата каде се наоѓаат посмртните останки и се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, учесници во борбата против фашимот и НОБ на Македонија.
Нека му е вечна славата на загинатите херои!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.