СОУ „Ристе Ристески- Ричко“ го одбележа педесет и шестиот патрон празник. По повод одбележувањето на 56 години од постоењето на училиштето, во театарот „Војдан Чернодрински“ се одржа пригодна свечена програма, која ја подготвија учениците и професорите, во чест на патронот.
Патрониот празник на СОУ „Ристе Ристески- Ричко“ им го честита градоначалникот, Марјан Ристески, кој го изрази своето задоволство што ова стручно училиште со своите струки и профили, машинската, електро – техничката струка, сообрајќањата, графичката, придонесува за создавање на квалитетни стручни кадри потребни, како за прилепското, така и за македонското стопанство.
– Затоа, локалната власт најмногу вложува во образованието, во подобрување на условите за одружување на наставно – воспитниот процес, бидејќи целта е поквалитетно образование. Ова училиште е меѓу првите во градот кои доби и спортска сала, од проектот на владата на Р.Македонија за изградба на спортски сали за потребите на училиштата, во која денеска работи Спортската гимназија, како петта струка во СОУ„Ристе Ристески- Ричко“. – истакна градоначалникот Ристески.
СОУ „Ристе Ристески- Ричко“ е основано во 1960 година, а во 1992 година е пуштена во употреба новата зграда на училиштето во населбата Точила. Во СОУ„Ристе Ристески – Ричко“ имаат завршено многу генерации кои денес претставуваат експерти во својата професија.