Вечерва околу 20:00 часот на раскрсницата помеѓу булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Јоле Андоноски” во Прилеп, се случи сообраќајна незгода во која возило марка Ауди А4 удрило во жена на велосипед.
Според податоците од очевидците жената ја преминувала улицата со велосипедот, кога на неа налетало црно Ауди, при што од ударот жената летнала неколку метри на асфалтот.
Брзата помош со голема брзина ја пренела повредената во општата болница во Прилеп. За сега нема информации со какви повреди се здобила.
Полицијата е на лице место, врши увид и распит на возачот на автомобилот.