На иницијатива на Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денес се одржа вонредна седница на општинскиот совет, на која беше донесена Одлука за доделување на финансиска помош од Буџетот на општината Битола за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија.
Одлуката беше донесена едногласно со поддршка од сите советници, со што Општина Битола, ќе овозможи финансиска помош во износ од 500.000 денари.